За нас - Kadis Boats

ТД КА-ДИС, компанија oснована во 1990 година од семејството Каленикови.

КА-ДИС претставува една од првите приватни компании во земјата, препознатлива по континуираниот напредок, стабилност и иновативност.

35 години лидерство, раст и визија на македонскиот пазар.

Стабилен и иновативен бизнис-систем изграден врз професионалност, доверба и семејни вредности.

 

Во сржта на овој развој стои семејниот дух и визијата на основачите, кои во текот на годините го проширија бизнисот и создадоа цврста основа за повеќе дејности, брендирани услуги и нови инвестиции.

Освен продажбата и сервисот на возила под брендот КА-ДИС, фамилијарниот бизнис денес успешно ги опфаќа и брендовите RENAULT, NISSAN и DACIA, продажбата на нови и користени возила, како и целосно нов, современ сервисен центар, кој функционира под фирмата-ќерка Аутомотив Груп – компанија која дополнително го консолидира и проширува автомобилскиот сегмент на групацијата.

 

Во последната деценија, КА-ДИС го прошири своето портфолио со отворањето на KADIS Boats (2022), специјализирана за морски пловила и KADIS Engineering (2022), насочена кон проектирање и изградба на современи станбени објекти.

По три и пол децении успешно работење, КА-ДИС ја потврдува својата огромна улога во македонската економија, со јасна ориентација кон иднината и со континуирана заложба за високи стандарди во секој сегмент од работењето.

”ТД КА-ДИС ќе продолжи да расте, да се модернизира и да инвестира во нови технологии и услуги”